(Фото) Пред Хари едвај врзувала крај со крај – фотки од приватната архива на Меган

Низ социјалните мрежи се појавија досега невидени фотографии од сопругата на принцот Хари, војвотката Меган Маркл. Британските медиуми по повод утрешниот роденден на војвотката пишуваат детали од нејзиното минато дека пред да го запознае својот сопруг.

За неа е познато дека потекнува од сиромашно семејство кое едвај врзувало крај со крај. Медиумите пишуваат дека Меган не е ни вистинското име. Кога се родила таа го добила името Рејчел Меган Маркл. На шест години таа почнува да оди во женско котоличко школо, во кое оделе само девојчиња.

На 11 години, Меган на телевизија видела сексистичка реклама. И пишала на компанијата со барање за промена на формулацијата, а од компанијата се согласиле на нејзиното барање.

Освен големата љубов кон театарот, Меган ја обожава и политиката, па така завршила двојно образование. Работела многу работи со кои вели дека денес не се гордее. Прифаќала ситни и неважни улоги само за да врзе крај со крај.

Калиографијата е нејзината втора љубов, а за да заработи дополнителни пари, дизајнирала покани за венчавки. За Меган е познато дека обожава да готви и да подготвува слатки.

Со јога се занимава од седмата година. Нејзината мајка е инструкот по јога. Меган обожава и да џогира.

 

Текстот (Фото) Пред Хари едвај врзувала крај со крај – фотки од приватната архива на Меган е превземен од Reporter.mk.