(Фото) Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во најраната младост

Српските медиуми објавија фотографија од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од неговите детски денови. Фотографиите што  се извадени од неговата приватна архива се направени уште во времето на неговата најрана младост.

За приватниот живот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јавноста речиси н знае ништо. Голем дел од информациите поврзани со него се обвиткани во тајност, а српските медиуми многу оскудно пишуваат за него и за она што се случува со него на приватен план.

На сите медиуми во Србија кон крајот на 2013 година им било забрането да пишуваат за неговиот брак, па ретко кој разбрал дека Вучиќ се има преженето.

На некои од фотографиите Вучиќ ги покажува и своите афинитети кон пеењето. Неговите постапки, работа и труд се главна тема во медиумите, како домашните така и странските.

Околу претседателот на Србија денеска се кршат копја и се кажуваат разни приказни. Голем дел од луѓето во Србија го сакаат, но има и голем број кои не се согласуваат со неговата политика.

 

Текстот (Фото) Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во најраната младост е превземен од Reporter.mk.