Поранешна пријателка на покојната принцеза Дајана, Роса Монктон објавила фотографија на „твитер“ од Лејди Ди, која ретко кој во јавноста досега ја видел.
На фотографијата Дајана нема шминка, носи панталони и широка маица. Лејди ди била лежерно облечена и со широка насмевка, а Монктон со фотографијата објавила и емотивен опис.
„Ова е Дајана каква што јас ја паметам. Човек не може да замисли колку беше забавна и колку го сакаше животот“, напишала Роса.
Таа открила дека принцезата Дајана во моментите кога била направена фотографијата, била во друштво со кумот на нејзината ќерка, кој ѝ бил голема поддршка во животот.
Текстот (Фото) Принцезата Дајана без шминка и лежерно облечена е превземен од Reporter.mk.