Бртанскиот принц Чарлс беше присутен на сетот во студиото Pinewood во Лондон, каде се снимаше новиот филм за Џеjмс Бонд. За време на посетата, луѓето од британската филмска индустрија Craig i Fiennes му ја покажаа канцеларијата на „Ем“, а принцот беше присутен и на снимањето на една од сцените која ја следеше на мониторите.
Британскиот принц се сретна и со главниот актер Даниел Крег, кој веќе по петти пат го глуми тајниот британски агент Џејмс Бонд 007.
Во текот на посетата Крег на принцот Чалрс му ги претстави два славни автомобили на Бонд, од брендот „Астон Мартин“. Принцот е покровител на Британскиот филмски институт. Филмот „Бонд 25“ во кината ќе почне да се прикажува од april 2020 година.
Рами Малек кој освои Оскар за улогата на покојниот фронтмен на групата „Квин“, Фреди Мекјури, во филмот на „Бонд 25“ ќе го глуми главниот негативец.