Сопругот на британската кралица Елизабета II, принцот Филип (97) доби полициско предупредување откако бил снимен како вози без безбедносен појас, само два дена откако предизвика сообраќајна незгода.
Британските медиуми ги објавиле фотографиите на кои принцот Филип вози автомобил „ленд ровер“. Фотографиите ги направиле во саботата во Норфолк.
„Знаеме за фотографиите. Соодветните совети се упатени на возачите и ова е во рамки на нашите стандардни реагирања кога ќе добиеме такви фотографии кои прикажуваат ваков вид на прекршоци“, изјавил портпаролот на британската полиција.
Brexit po nekolika dnech ve vysilani @BBCNews nahradila zprava o havarii prince Philipa (97 let), manzela britske panovnice Alzbety II. Podle svedku vypadal ‘otresene’ a ‘sokovany’. Neutrpel zadna zraneni, narozdil od 2 lidi v dalsim aute, kteri jsou lehce zraneni. pic.twitter.com/46N0P3LtJJ
— Bohumil Vostal (@BohumilVostal) January 17, 2019
Во четвртокот принцот Филип предизвикал сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил се превртел во судар со друго возило.
Принцот од несреќата излегол без тешки повреди, додека двете жени кои биле со деветмесечно бебе во другото возило претрпеле полесни телесни повреди, поради што веднаш биле пренесени во болница, а подоцна пуштени дома.
Текстот (Фото) Принцот Филип казнет од полицијата, возел без појас е превземен од Reporter.mk.