Принцот Луис беше во центарот на внимание на роденденот на неговата баба, британската кралица Елизабета II. Најмладиот во семејството на принцот Вилијамс и Кејт Мидлтон, мафташе кон толпата народ и покажуваше со прстот кон небото и ракоплескаше откако се појавија силите на британското воздухопловство.
Синот на Вилијам и Кејт ја изврши својата прва кралска должност. Тој со родителите пристигна на традиционалната церемонија Trooping The Colour, пренесува „Би-Би-Си“. Кејт и Вилијам го држеа Луис во прегратка, а пред нив стоеја и принцот Џорџ (5) и принцезата Шарлот (4).
Кралицата Елизабета II (93) во текот на годината, два пати го слави роденденот. Еднаш на денот кога е родена на 21 април и вториот најчесто го слави секоја втора сабота во јуни, поради погодностите за убавото време.
Повеќе од 1400 војници, 200 коњи и 400 музичари настапија за да го одбележат кралскиот роденден. Настанот не го пропушти ниту Меган Маркл, која се породи пред еден месец.
Текстот (Фото) Принцот Луис го украде шоуто на роденденот на кралицата е превземен од Reporter.mk.