(Фото) Првата љубов на Меланија Трамп

Пред да сè венча со Доналд Трамп, првата американска дама Меланија Трамп во Словенија сè забавувала со човекот по име Јуре Зорчиќ. Зорчиќ вели дека неговата љубовна врска со Меланија завршила седум години пред да таа да го запознае американскиот претседател.

Зорчиќ вели дека двајцата се забавувале неколку години, а потоа Меланија, на средината на деведесетите години одлучила да ја напушти земјата и да ја побара својата професионална среќа во модните центри во Италија, Франција, а на крајот и Америка.

Како што пишува магазинот Vanity Fair, Меланија не толку често излегувала на состаноци со други мажи, а Зорчиќ е единственот маж за кого медиумите знаат дека бил во врска со сопругата на Трамп.

Новинарите во САД веднаш откако Меланија влегла во Белата куќа се обиделе да го откријат нејзиното љубовно минато. Магазинот пишува дека иако тешко им било да влезат во трага на нејзиното минато, кое било добро скриено, сепак на крајот успеале да дојдат до името на Јуре Зорчиќ.

Медиумите пишуваат дека Меланија не излегувала толку често на состаноци со други мажи, а Зорчиќ е еден од ретките кој имал среќа да биде со поранешниот модел.

Меланија веќе 13 години е во брак со Доналд Трамп. Таа со претседателот на САД се запознала на „Недела на модата“ во 1998 година, кога имала само 28 години. Иако Трамп во тој период бил во брак со актерката Марлом Мејплс, (претходно со Ивана Трамп), тоа не го спречило да ја покани Словенката на состаноок.

„Си разменивме телефонски броеви, а другото е историја“, бил краткиот коментар на Меланија, кога им објаснила на новинарите како го запознала својот сопруг.

По венчавката во 2005 година во Флорида, Меланија и Трамп го добиле синот Барон, а потоа американскиот милијардер, одлучи да се кандидира за претседател.

 

 

 

 

Текстот (Фото) Првата љубов на Меланија Трамп е превземен од Reporter.mk.