(Фото) Први фотографии на Камерон Дијаз по породувањето

Глумицата Камерон Дијаз неодамна го роди своето прво дете, а сега се појавија и првите фотографии од глумицата. Четириесет и седум годишната актерка имала прилично долг пат до мајчинството со сопругот Бенаијем Маден. Таа се подложи на низа третмани со вонтелесно оплодување, па дури размислувале и за посвојување.

Двојката пресреќна го најави доаѓањето на ќерката пред две недели, а Камерон сега изгледа како нова личност. Таа е снимена од папараците додека ги извршувала секојдневните обврски. Била лежерно облечена во фармерки и џемпер, а во рацете носела очила, телефон и трба.

Изгледот на глумицата и брзото враќање во секојдневието наиде на голем број пофални и воодушевувачки коментари кај фановите на социјалните мрежи.

 

Текстот (Фото) Први фотографии на Камерон Дијаз по породувањето е превземен од Reporter.mk.