Една од најпопуларните фолк пејачки, Весна Змијанац, во текот на целата кариера го носеше статусот на заводничка, а нејзиниот приватен живот ја интригираше јавноста со години.
Низ годиниве , особено ги интересира за првиот сопруг на Весна, со кого ја има ќерката Никола која исто така се занимава со музика. Првиот сопруг на Весна Змијанац е доктор по економски науки и се вика Влада Јовановиќ, со кого ја доби Николија во 1989 година.
По разводот од Весна, Влада повторно се ожени, а од вториот брак има уште две деца – ќерката Теодора и синот Лука.
Влада Јовановиќ никогаш не сакал јавно да се експонира, а не бил пресреќен ниту поради фактот што неговата ќерка од бракот со Весна одлучила да пее, што често и Николија го кажува во медиумите.
„Татко ми е ‘алергичен’ на се’ што има врска со шоу-бизнисот уште од времето кога тој беше со мајка ми. Да не речем , му се гади од ова се. Тој како доктор по науки нема да ме советува да пеам, ама тоа е мој избор“ – изјави Николија.
Еден од ретките моменти кога јавноста имала можност да го види, е по породувањето на Николија, кога дошол во болница за да ја посети својата ќерка и види новородената внука.
Текстот (Фото) Првиот сопруг на Весна Змијанац, доктор на науки кому му се гади од шоу-бизнисот е превземен од Reporter.mk.