(Фото) Рада фамилијарно на бурек по гласањето

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, откако вечера гласаше за европска Македонија, седна на бурек со своето семејство. Таа сподели фотографија од утринскиот појадок, заедно со Божидар Јанковски и ќерката Ада.

„За еден толку убав ден! Сонце, мирно маало и бурек“, напиша министерката за одбрана. Не е првпат таа да сподели семејна фотографија. Ден претходно министерката се пофали со фотографии од Зоолошката градина, каде што со ќерката биле на дочекот на слониците Дуња и Даела.

Текстот (Фото) Рада фамилијарно на бурек по гласањето е превземен од Reporter.mk.