(Фото) Рајан Рејнолдс со ужасни фотки и честитше роденден на Блејк Лајвли

Тие се познати по нивните меѓусебни шеги и „тролања“, а овојпат актерот ѝ го „уништи рејтингот“ на сопругата со ужасните фотки од неа кои ги објави за нејзиниот роденден.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се единствениот пар во Холивуд кој се однесува сосема природно, а тие не се срамат јавно да се посрамотуваат и да си прават шеги на нивна сметка.

Актерот е секогаш расположен да се шегува со сопругата па така овој пат со лоши фотки од неа, и го  честиташе 32-иот роденден на бремената Блејк.

На неговиот Инстаграм профил објави 10 фотки од нивната досега невидена колекција, на кои Блејк и не е толку совршена како на црвениот тепих…

Ова не е првпат на сличен начин да ѝ го честита роденденот, со оглед на тоа што во 2017-та објави фотка од нив двајца, на која Блејк едвај се гледа и напиша „Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга“.

View this post on Instagram

Happy Birthday, @blakelively.

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on

 

Текстот (Фото) Рајан Рејнолдс со ужасни фотки и честитше роденден на Блејк Лајвли е превземен од Reporter.mk.