Актерката Кортни Кокс која се прослави во улогата на Моника во култната серија „Пријатели“ го прослави својот 55. роденден, а гости и беа нејзините поранешни колешки Џенифер Анистон, која ја играше Рејчел и Лиса Кудроу која беше во улога на Фиби. Кокс по повод роденденот, објави селфи од нив трите.
„Колку сум среќна што можам да го прославам роденденот со ови две? Ве сакам девојки. Многу“, напишаа Кортни.
„Срцето ќе ми експлодира“, „Се тресам од среќа“, „Ова е прекрасно“, „Девојки, сакате ли да ни порачате нешто со оваа фотографија?“, коментирале обожавателите на серијата „Пријатели“, кои сеуште се надеваат на нејзин повраток на телевизија.
Иако серијата „Пријатели“ има голем број на обожаватели, сепак таа на почетокот не била прифатлива за некои од колегите на актерките. Актерот Џери Сајнфилд збеснал откако во 1994 година се почнало си емитување на хумористичната серија. Тој тврдел дека многу наликувала на „Сејнфилд“ серијата со позгодни актерки.
Сепак шесторката од Менхетен, Џои, Џендлер, Рос, Моника, Рејчел и Фиби, уште во првата епизода ги освоија срцата на повеќе од 22,5 милиони луѓе. Продуцентите уште тогаш велеле дека „Пријатели“ ќе биде голем хит, кој подоцна се снимаше десет сезони.
Текстот (Фото) Рејчел, Моника и Фиби повторно заедно е превземен од Reporter.mk.