Светската пејачка Ријана ја пронајде својата двојничка, пишуваат светските медиуми. Пејачката, за која многумина велат дека е единствена во нејзината убавина, сега го нашла девојчето кое изгледа како таа да ја родила.
„За малку ќе го испуштев телефонот кога ја видов“, бил коментарот на пејачката, а фотографијата на девојчето предизвикало лавина коментари.
Поради големата сличност меѓу Ријана и девојчето, реагирале и актерката Пријанка Чопра, манекенката Миранда Кер и модната ѕвезда Тајра Бенкс, која го побарала нејзиното име за да ѝ понуди моден договор.
Некои од фановите се сомневаат и коментираат дека Ријана ја искористила апликацијата на „Фејсбук“ за подмладување. Сепак подоцна се утврдило дека станува збор за шестгодишно девојче чија фотографија на „Инстаграм“ ја сподели нејзината мајка Брија Кеј.
Таа ѝ направила посебен профил на социјалните мрежи, кој моментално го следат повеќе од 50.000 корисници.
Текстот (Фото) Ријана ја пронајде својата двојничка е превземен од Reporter.mk.