Пејачката Рита Ора заедно со нејзината колешка Дуа Липа беа во посета на Албанија каде им помогнаа на настраданите лица во земјотресот. Изминатот период земјата беше погодена од силни потреси, во кои животот го изгубија најмалку 28 лица, а беа повредени повеќе од 600 луѓе.
Двете пејачки се деца на родители кои во деведесетите години се преселиле во Велика Британија, откако емигирале од Косово. Рита објави неколку фотографии од Тирана. На една од нив таа е со семејството на кое ќе му помогне да ја обнови куќата.
„Ги молам сите оние кои се во можност да помогнат, дали преку хуманитарна организација или на некој друг начин да им помогнат на жртвите од катастрофата. Првото семејство кое го избрав јас е Сала“, изјавила Рита.
Двете пејачки на социјалните мрежи го објавиле знамето на Албанија во знак на поддршка.
„Моето срце и молитви се со Албанците. Ви ја испраќам сета љубов во овие тешки моменти“, напишала Дуа и додала дека дека само заедно може најдобро да си помогнеме себе си и на сите погодени семејства од земјотресот. Таа најави дека ќе работи на проект, заедно со албански модни дизајнери, а приходите од истиот ќе ги намени за жртвите на земјотресот.
„Докажавме дека можеме да бидеме силни во моменти како овој и од нив ќе излеземе како нација на браќа и сестри“, порачала Дуа.
Текстот (Фото) Рита Ора и Дуа Липа им помогнаа на настраданите во земјотресот во Албанија е превземен од Reporter.mk.