Пејачката Рита Ора има нов дечко, пишува британски „Сан“. Ора од неодамна излегува со шест години помладиот глумец Раферти Ло. Двајцата се запознале за време на снимањето на филмот „Оливер Твист“.
„Сан“ пишува дека во врска се веќе неколку недели, но дека не сакаат јавно да се појавуваат во јавност.
„Откако почнаа двајцата да работат заедно, меѓу нив почна да се развива хемија. Од тогаш почнаа да се шират разни трачеви за нив. По некое време меѓу нив се разви нешто повеќе. Сега се во врска. Иако од неодамна се заедно, и двајцата се многу заљуени“, открива извор близок до двојката.
Снимањето на „Оливер Твист“ почна пред месец дена, а главната улога ја има Раферти. Се работи за неговата прва поважна улога. Претходно тој има работено како модел и се има појавувано на ревии за познати модни брендови.
Рита во едно од своите интервјуа изјави дека сака да најде дечко кој ќе може да се носи со притисоците и шпекулациите кои се поврзани со неа.
„Тешко е да се најде маж кој нема да ме сфати погрешно. Но, тој постои. Имам запознато неколку такви“, изјави неодамна Рита.
Во последните неколку години, таа излегувала со некои од најголемите светски ѕвезди, меѓу кои и музичарот Калвин Харис и глумецот Ендрју Гарфилд.
Текстот (Фото) Рита Ора има нов дечко е превземен од Reporter.mk.