(Фото) Род Стјуарт се соблече по гаќи во клуб во Лондон

Британскиот рок-музичар Род Стјуарт (74) и неговата сопруга Пени Ланкастер (48), со пријателите викендов се забавувале во клуб во Лондон. Но, во еден момент, познатиот музичар и двајца негови пријатели ги соблекле панталоните, останале по гаќи и почнале да играат. Сликите од расоблечените мажи на „Инстаграм“ ги објави сопругата на музичарот.

„Фантастична вечер со момчињата и девојките, панталоните симнати, чорапи нема“, напишала Пени на фотографијата.

Рок Стјуарт и Пени се во брак од 2007 година, а заедно имаат двајца синови, Алестер (13) и Ејден (8).

Стјуарт е меѓу најпопуларните рок-музичари во Британија во 1970те години. Еден од неговите најголеми хитови е песната Sailing. Пејачот наскоро ќе тргне на турнеја во неколку земји низ Европа.

 

Текстот (Фото) Род Стјуарт се соблече по гаќи во клуб во Лондон е превземен од Reporter.mk.