Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера наполни 38 години, но поради скандалот со Меган и Хари и нивната одлука да го напуштат кралското семејство, нејзиниот роденден помина незабележано.
Кејт вчера во доцните попладневни часови стигна во замокот со нејзиниот син, принцот Џорџ. Британските весници пренесуваат дека таа изгледала бледа, исцрпена и прилично нервозна.
Војвотката го минала целиот ден со семејството, а по скандалот кој ја потресе Британија и светот, британските медиуми пренесуваат дека таа не можела да го прослави роденденот како што доликува.
Текстот (Фото) Роденденот на Кејт Мидлтон мина во сенка поради скандалот со Хари и Меган е превземен од Reporter.mk.