(Фото) Роденденска картичка од Дајана се продава на аукција

Роденденска картичка која принцезата Дајана ја испратила до нејзин пријател се продава на аукција, пишува британски „Сан“. Некои проценители сметаат дека цената на картичката би достигнала 900 фунти.

Принцезата Дајана покажала дека има голема смисла за хумор кога станува збор за испраќање роденденски картички до нејзините пријатели и блиски.

Картичката Дајана ја испратила до нејзиниот пријател Ентони Бураж, а на истата е прикажан цртеж од принцеза која спие во кревет. На картичката имало натпис „Само големите се достојни да бидат будни“, како и рачно напишана порака „Тони со задоцнување среќен роденден. Од Дијана“.

Тони било надимакот на Ентони Бураж, нејзин близок соработник. Според изјавите на нејзиниот батлер, принцезата Дајана вакви слични подароци, каде ја покажувала својата смисла за хумор, испраќала и до голем број  нејзини пријатели и блиски луѓе. Меѓу нив се нашле и принцевите Вилијам и Хари.

Батлерот вели дека принцот Хари за еден негов роденден добил лажно куче.

 

Текстот (Фото) Роденденска картичка од Дајана се продава на аукција е превземен од Reporter.mk.