Светскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата сопруга Георгина Родригез го прославија вториот роденден на ќерката Алана Мартина. Популарниот фудбалер по тој повод објави неколку фотографии на социјалните мрежи.
На сликите позираат Георгина и децата на Роналдо кои беа маскирани во костими. Фудбалерот на Јувентус, покрај Алана, ги има и близнаците Ева Марија и Матео. Двојката во јуни славеа роденденот и на близнаците.
Иако Португалецот вели дека за украсениот дом најмногу се погрижила неговат партнерка, сепак Георигина признава дека голема помош имала и од сопругот. Фудбалерот во емисијата „Добро утро Британијо“, изјави дека наскоро планира да се венча со Георгина.
„Георгина е љубовта на мојот живот. Таа многу ми помогна во кариерата. Заљубен сум во неа и наскоро планираме да се венчаме. Венчавката е сон и на мојата мајка“, изјавил Роналдо.
Текстот (Фото) Роналдо и Георгина направија роденденска забава за ќерката е превземен од Reporter.mk.