(Фото) Росана го облече внукот како Дедо Мраз

Фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска на својот фејсбук-профил објави слика од внукот Ноах облечен како Дедо Мраз. Ноах има пет месеци и е син на ќерката на Росана, Ивана и на нејзиниот сопруг, Англичанецот Џејмс.

Фолк-пејачката често објавува слики од внукот, но сега првпат сподели слика на која се гледа неговиот лик. Пријателите не штедеа комплименти, а за Ноах рекоа дека е ист како татко му, дека е преслатко бебе, дека има прекрасни очи и дека е „само за да го изедеш“.

Текстот (Фото) Росана го облече внукот како Дедо Мраз е превземен од Reporter.mk.