Фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска со исечок од стар весник се сети на минатото, на времето кога активно пееше и беше една од најпопуларните пејачки кај нас. „Еееее… некогаш“, напиша Росана и сподели слика на која е со црвена коса, имиџ кој го имаше долго време.
Пријателите не штедеа комплименти за нејзиниот тогашен изглед, но ѝ рекоа и дека нема никаква разлика меѓу тоа како изгледала пред многу години и како изгледа сега.
Ова не е првпат Росана да се присети на минатото. Таа неодамна објави слика стара 56 години, од времето кога нејзината мајка Гордана била избрана за најубава девојка на Куманово.
Текстот (Фото) Росана се сети на младоста е превземен од Reporter.mk.