Најважната улога по која се прослави актерката Вилдија Вукиќеви е онаа на Виолета во серијата „Подобар живот“. Српската актерка во јули наполни 57 години и изгледа одлично, а тоа го покажува на фотографиите кои таа ги објавува на Инстаграм. Овој пат таа сподели слика од своите синови, едниот Давид Мркела кој е пилот, а Андреј пак професионален фудбалер,кој тргна по стапките на татко му.
Таткото на Андреј и на Давид е фудбалаката легенда Митар Мркела, со кого Лидија беше во брак од 1991 до 2000 година.
„Сама ги воспитував децата. Апсолутно им бев и едниот и другиот родител. Не велам дека мојот поранешен сопруг не се занимаваше со нив. Секако дека да, но поинаку беше за мене затоа што живеам со нив во последниве 17 години. Андреј беше прво одделение, а Давид имаше три години кога се paзведовме. Не го поднесувам изразот самохpaна мајка“, изјави Вукиќевиќ.
Во октомври лани, таа за српските медиуми потврди дека ќе се мажи, но нe откpи повеќе детали.
Текстот (Фото) „Сама одгледав два сина“, -Лидија Вукиќевиќ за разводот со фудбалската легенда е превземен од Reporter.mk.