Постарата ќерка на фолк-пејачката Сани Гроздановска, Викторија, наполни 9 години. Пејачката на социјалните мрежи ѝ напиша емотивна порака.
„Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце, моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!“, напиша Сани под фотографија што ја објави на својот фејсбук-профил.
Викторија е од првиот брак на пејачката, која лани зимата се породи со второто дете, ќерката Ева, која ја има од бракот со Мартин.
Текстот (Фото) Сани ја покажа постарата ќерка е превземен од Reporter.mk.