(Фото) Сара со бебето избега од загаденото Скопје

Пејачката Сара Мејс која пред три месеци се породи, со ќерката Илина и сопругот Димитар, се прошетаа на Козјак. Двојката сподели заедничка фотографија, дека нашле начин како да избегаат и од градската врева и од загаденото Скопје. Откако се породи Сара, брзо им се врати на обврските, па неодамна,  својот Инстаграм профил објави фотографија со своите ученици кои ги спремала за настап на фестивал.  Сара и водителот Димитар, пред три месец станаа родители на Илина. Истиот ден кога беше породувањето, Сара ја промовираше и својата нова песна и видео „Црна капина“.

 

Текстот (Фото) Сара со бебето избега од загаденото Скопје е превземен од Reporter.mk.