Поп-пејачката Нина Јанева на 19 октомври се омажи со нејзиното момче Александар. Невестата наместо бела венчаница, носеше црн комбинизон, а на венчавката имаше само 13 луѓе. Нина за „Репортер“ раскажа за венчавката, но и зошто се решила за црната боја.
„Овој ден го одбравме како карактеристичен број што ни е заеднички, 19 октомври е денот кога решивме да склучиме граѓански брак, 19 јуни е денот на моето раѓање, а 19 август е денот на раѓање на Александар. Матичната служба која беше, морам да признаам, едно од најемотивните искуства за мене се одржа во Порта Македонија, а потоа со кумот, старосватицата и најблискиот круг на двете семејства заминавме на вечера“, раскажа Нина за „Репортер“.
Таа вели дека цела нивна приказна е некласична и необична, па затоа и решиле да прават свадба во спортска варијанта, а таа наместо бело, носи црно.
„ Црното е мојата омилена боја, бојата на моќта, бојата која секому најдобро му стои и наспроти сите верувања дека е `баксуз` да носиш црно на својата венчавка се одлучив за овој комбинезон од црно жерсе и црн нежен жоржет“, раскажува таа.
И додава: „Приредивме за најблиските вечера во интимна атмосфера со одлично расположение. Бевме вкупно 13 луѓе. Свадбата со венчавката во црква дополнително ќе биде организирана и испланирана, а неа ќе има многу повеќе од 13 луѓе и сигурно ќе биде неконвенционална, исто како мене“.
А. Георгиев
Текстот (Фото) Се омажи Нина Јанева, невеста во црно е превземен од Reporter.mk.