Американскиот актер Мајкл Даглас објави емотивна фотографија на социјалните мрежи, на која тој е во друштво на неговиот татко Кирк Даглас, синот Камерон и внуката Луа Изи.
Фотографијата од четири генерации на семејството Даглас собра повеќе од 20 000 лајкови на социјалните мрежи, а добија и голем број позитивни коментари од нивните фанови.
„Мајкл, семејството ти е прекрасно“, „Изгледате среќно“, „Само уживајте“, биле само некои од коментарите од нивните обожаватели.
Освен најстариот син Камерон, кој Мајкл Даглас го има од првиот брак со филмската продуцентка Диандра Лукер. Мајкл има уште две деца, ќерката Карис и синот Дилан.
Кирк Даглас на крајот на минатата година го прослави својот 102. роденден заедно со сопругата Ен Бојденс (99) неговиот син Мајкл Даглас и неговата снаа, холивудската актерка Кетрин Зета Џонс (49).
Најстариот член од многубројното семејство Кирк Даглас секоја година традиционално го слави роденденот, а овој пат се одлучил да го прослави во својот дом во Беверли Хилс.
Мајкл Даглас претходно на социјалните мрежи на својот татко му го честитал 102 роденден, со емотивна порака.
„Среќен 102 роденден тато. Ти си мојот херој. Те сакам“, напишал Мајкл на социјалните мрежи.
Текстот (Фото) Се собраа четири генерации на семејството Даглас е превземен од Reporter.mk.