(Фото) Се вери пејачката Наталија Славева

Поп-пејачката Наталија Славева ќе се мажи. Нејзиниот дечко Александар Тодоров ја побара за жена додека беа на романтично патување во Холандија. Наместо да му каже да, првата реакција на Наталија била „леле, клекна во мокрото“. Наталија и Александар се знаат од деца, а во врска се три години, откри таа за „Репортер“.

„Во Холандија сме со друштво, наши блиски пријатели што знаеле за планот на Александар. По цел ден шетање јас сакав да се вратиме во хотел, а тие сакаа уште да шетаме за да стигнеме до мостот што Александар го избрал за да ме побара за жена. Кога дојдовме таму, наместо да се сликаме, тој клекна на колена“, ни раскажа Наталија.

Таа и Александар долго време биле другари, ама престанале да се дружат. Пред неколку години повторно се сретнале, излегле на кафе и другарството им прераснало во љубов.

„Живееме заедно повеќе од две години. Разговаравме и за свадба, ама секогаш велевме дека има време за тоа. И искрено, ме изненади кога ме побара за жена. Свадбата најверојатно ќе ја правиме следната година, засега немаме конкретен план“, рече пејачката.

За потсетување, публиката ја запозна Наталија со учеството на македонските фестивали. Таа по пауза од пет години  лани се врати на музичката сцена кога настапи на „Макфест“ со баладата „Штом љубовта исчезне“, а потоа, заедно со момчето Александар го препеаја хитот на Лејди Гага и Бредли Купер – Shallow. Потоа ја испеа песната „Непобедливи“, која е инспирирана од нивната љубов.

(А.Ј)

Текстот (Фото) Се вери пејачката Наталија Славева е превземен од Reporter.mk.