Холивудската глумица Бела Торн објави неколку свои топлес слики на „Твитер“ и ги претрка хакерите што ѝ се заканувале дека ќе ги објават ако не им плати за да ги избришат.
“Е*ете се и вие и моќта што мислите дека ја имате над мене“, напишала 21-годишната глумица на „Твитер“.
Таа објави и дел од пораките од хакерите и нивните закани.
„Во последните 24 часа ми се закануваа со сопствените голи фотографии и се чувствувам одвратно, се чувствувам набљудувано, како некој да зел нешто од мене за кое сум сакала само една посебна личност да го види. Предолго допуштав мажите да ме искористуваат и доста ми е од тоа. Можете да спиете вечерва знаејќи дека ја вратив својата моќ. Не можете да го контролирате мојот живот и никогаш нема. Со други зборови, еве ви ги моите гради“, напишала поранешната ѕвезда на „Дизни“.
Торн во објавата не ги идентификувала хакерите.
Fuck u and the power u think you have over me. I’m gonna write about this in my next book pic.twitter.com/0Ep0iXgW51
— BITCHIMBELLATHORNE (@bellathorne) June 15, 2019
Текстот (Фото) Ѝ се заканиле на Бела Торн дека ќе објават нејзини голи слики, глумицата ги претрка е превземен од Reporter.mk.