Светската пејачка Ријана ја најави својата нова колекција на долна облека. Таа на својот „Инстаграм“ објави неколку жешки фотографии. Пејачката уште еднаш докажа дека самата на себе е најдобар модел, пишуваат светските медиуми.
Ријана со колекцијата за долна облека покажа дека е вистински хит, исто како нејзината музика или мејкап бренд, коментираат фановите. Првата колекција Ријана ја претстави во мај 2018 година. Своите парчиња ги распродаде за само месец дена.
Колекцијата од долна облека од Ријана направија вистинска деловна жена. Пејачката го завзема првото место на овогодинешната листа на „Форбс“ за најбогати жени во музичката индустрија, чие богатство е проценето на околу повеќе од 500 милиони евра. Ријана успеа да ги надмине уметниците кои работат двојно повеќе од неа.
Првите милиони Ријана ги заработила со хитовите, турнеите и албумите, а најголем дел од богатството доаѓа од LVMH, францускиот гигант за луксузна облека, Бернард Арнаулт, со кого ја дели козметичката линија Fenty Beauty која ја покрена во 2017 година.
Текстот (Фото) Секси Ријана позира во долна облека е превземен од Reporter.mk.