Пејачката Мадона повторно го украде вниманието на социјалните мрежи со фотографија на која е облечена во проѕирна долна облека. Шеесетгодишната музичка ѕвезда на „Снапчет“ неделава објави селфи на кое позира пред огледало во бела чипка.
„Какво тело за 60 годишна жена“, беа дел од коментарите на некои од фановите кои застанаа во нејзина одбрана, додека други ја нападнаа за ваквиот нејзин потег.
Кралицата на поп музиката месецов по втор пат се најде на мета на критики на јавноста. Претходно месецов голем дел од фановите беа разочарани од нејзиниот десетминутен говор на доделувањето на МТВ музичките награди. Во поголемиот дел од говорот таа се осврна на почетоците на нејзината кариера. По настанот беше беше критикувана поради големата самопромоција.
„Од мене беше побарано да го претставам МТВ спотот на годината. Ме замолија исто така да споделам некоја анегдота од својата кариера која е поврзана со Арета Френклин“, напишала Мадона во своја одбрана на социјалните мрежи.
Текстот (Фото) Селфи на Мадона во проѕирна долна облека е превземен од Reporter.mk.