Иако неодамна се пишуваше дека глумицата Селма Блер е подобра и дека полесно се справува со болеста, американските медиуми објавија слики на кои се гледа дека таа се грчи од болка. Блер е сликана како влегува во ресторан за брза храна со дечкото Дејвид Лајонс, но и дека излегуваат по неколку минути бидејќи Селма поради болките не можела да стои во редот. На сликите се гледа како таа се витка од болки, со грч на лицето и цело време се придржува за Дејвид.
Откако беа објавени сликите, фановите коментираа дека се загрижени за неа, бидејќи Селма дополнително ослабела.
На познатата глумица во 2018 година ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза, тешка и неизлечлива болест. Откако јавно откри дека е болна, 47-годишната Блер често ги известуваше фановите за напредокот на болеста и за нејзиното лекување. Таа објави и слики како нејзиниот син ѝ ја потстрижува косата, а од неодамна престана и да ја бојадисува.
Текстот (Фото) Селма Блер во грч, сè потешко ја поднесува болеста е превземен од Reporter.mk.