За Шарлиз Терон велат дека е можеби најубавата актерка на светот. Таа деновиве направи нова трансформација на својот изглед. По кратка боб-фризура со темнокафена боја, кога се појави на Оскарите, сега таа се реши да си направи шишки. На премиерата на филмот „ Long Shot “ во Њујорк, Шарлиз се појавила во елегантно црно одело на „Диор“, ама вниманието го привлекла заради новата фризура со шишки.
Терон изјавила дека инспирација за новата фризура и била поранешната манекенка Линда Еванѓелиста, која долги години беше препознатлива по кратките шишки.
Текстот (Фото) Шарлиз Терон ги скрати шишките за да личи на Линда Евангелиста е превземен од Reporter.mk.