Актерката Шарлиз Терон вчера се појавила во Лондон во две беспрекорни изданија.
Прво на премиерата на својот нов филм „Long Shot“ облече раскошна двобојна тоалета со секси пресек кај градите, од модната куќа Живанши.
Но, уште повеќе воодушеви со својот стилот кога 43-годишната актерка дојде во секси тесен фустан и покажа дека и понатаму важи за една од назјгодните во Холивуд.
Сребрената светкава мини тоалета ја искомбинирала со набрани црни чизми до колената со високи потпетици и изгледот го надополнила со блескава ташна, а својата однеодамна темно-кафена коса ја врзала во низок реп. Со минималната шминка ја нагласила својата природна убавина.
Текстот (Фото) Шарлиз Терон на премиера во секси мини е превземен од Reporter.mk.