(Фото) Шехерезад ја скрати косата за новата улога

Турската телевизиска ѕвезда и актерка Бергузар Корел за својата нова улога драстично го променила имиџот. Нејзините пријатели и блиски лица велат дека ништо не останало од она што некогаш било нејзин заштитен знак.

Корел, која во домаќинствата беше позната по улогата на Шехерезад од „1001 ноќ“, ја скратила својата долга и бујна коса. Таа сега има многу кратка фризура. Корел вели дека новиот имиџ не бил нејзина желба.

Новиот имиџ на Корел многу им се допаднал на обожавателите, а тоа го потврдиле и големиот број пофални коментари на социјалните мрежи.

Корел е позната како жена која води сметка за својот изглед, а неодамна открила дека сè во животот и се одвива како песна.

„Пред сè јас сум жена која редовно вежба. Исто така редовно консумирам здрава исхрана, водам сметка за природната нега и позитивната енергија. Многу внимание посветувам на органската храна. Секоја сабота на пазар набавувам овошје, зеленчук и други намирници. Преферирам природни сокови и пијам многу вода во која додавам краставички или ѓумбур за да има подобра арома. Неодамна ја исфрлив лактозата од менито“, вели Корел.

Бергузар на снимањето на 1001 ноќ се запозна со нејзиниот колега Халит Ергенч, кој го глумеше Онур. Подоцна со него започна и емотивна врска. Поради љубовта која ја развиле од деловниот однос, Бергузар и Халит ги напуштија своите тогашни партнери, а во 2009 година двајцата се венчаа.

Заедно глумеа и во серијата „Ранета љубов“, а Бергузар има играно и во „Езел“, „Чесни луѓе“ и други серии.

 

 

Текстот (Фото) Шехерезад ја скрати косата за новата улога е превземен од Reporter.mk.