(Фото) Шеќеринска помириса барут

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, вчера беше во посета на Криволак на воена вежба на Копнените сили на САД за Европа.
Облечена во војничка облека, таа се возеше во теренските возила.
„Со заменик-амбасадорот на САД, Микаела Швајцер Блум, имавме ‘тура’ со оклопното возило ‘хамви’ додека истото изведуваше вежба на боево гаѓање. Помирисавме ‘барут’. АРМ стекна вредно искуство како домаќин и набљудувач на тринеделните вежби“, напиша Шеќеринска на „Фејсбук“.

 

Текстот (Фото) Шеќеринска помириса барут е превземен од Reporter.mk.