Шенки Версаче од Арачиново, кој е познат во јавноста по својата љубов кон модниот бренд „Версаче“, беше домаќин на српската пејачка Рада Манојловиќ во неговиот клуб во Скопје.
„Рада имаше настап во еден скопски клуб. Таму главен гостин беше токму Шенки, цела вечер се забавуваше, ѝ даде и голем бакшиш, па истата вечер ја повика Рада да биде гостинка и во неговиот клуб. Таа ја прифати поканата, а Шенки не го криеше воодушевувањето од пејачката“, рекол негов близок пријател за „Србија данас“.
Видео и фотографии од посетата на Рада на „Кафе-бар Версаче“ беа објавени и на инстаграм-профилот на клубот.
Текстот (Фото) Шенки Версаче откачи по Рада Манојловиќ е превземен од Reporter.mk.