Српската пејачка Марија Шерифовиќ на нејзиниот „Инстаграм“ објави фотографија од прошетка со нејзината партнерка.
Од поодамна е познато дка пејакчата не сака премногу да ја експонира својата партнерка во јавноста. Од признавањето дека е наклонета кон истиот пол, Шерифовиќ многу не сака да зборува за својот љубовен живот.
Оттука многумина во коментарите на „Инстаграм“, се изненадени од објавата на кадарот, на кој пејачката се држи за рака со својата партнерка.
Шерифовиќ во 2013 година, по цела година негирање, призна дека е лезбејка.
„Лезбејка сум. Бев со девојка и тоа е прекрасно чувство. Знам дека сите сакавте да добиете одговор на ова прашање. Можам да ви кажам дека е супер да се има однос со некого чија брада не боцка“, изјавила Шерифовиќ.
Текстот (Фото) Шерифовиќ на романтична прошетка со партнерката е превземен од Reporter.mk.