Холивудската актерка Шерон Стоун гола позираше за мајското издание на „Вог Португалија”, кое има две насловни страни.
И овојпат таа позираше како во култниот филм „Основен инстинкт“, филм кој ѝ донесе Златен глобус. На втората насловна страна пак, позира речиси гола, на 61 година, и повторно вниманието го сврте кон себе.
Фотографиите се на Бранислав Симонцик. Но, освен нив, внимание привлече и интервјуто кое Стоун го даде за магазинот. Во него таа открива како порано улогите се добивале на мошне срамотен начин.
Иако со години наназад важи за секс-симбол, Шерон открива дека во 90-тите, филмската индустрија и не ѝ била баш наклонета.
„Кога почнав да работам, раководителите на студијата на (и за) секоја кандидатка говореа колку е сексапилна и дали „би ја е… или не“. На тој начин би процениле дали има доволно добар изглед за улогата. Знаеја да седат на масата и да дискутираат за тоа. Конкретно за мене, мислеа дека немам доволно добар изглед“, вели актерката за магазинот.
За потсетување, Стоун дебитира во филмот на Вуди Ален „Сеќавањата на ѕвездената прашина“ од пред 22 години.
Во текстот се осврнува и на нееднаквоста помеѓу мажите и жените во филмската иднустрија.
„Жените не се претставени онака какви што навистина се. Поголемиот дел од филмовите ги режираат мажите, па ги работат на „машки начин“. Не размислуваат за тоа какви се всушност жените, како размислуваме и се чувствуваме. Затоа сакам да глумам зависнички, луди жени или пијаници, затоа што тоа е единствениот начин на кој можам да го толерирам нивното однесување“, објаснува.
Познато е дека Стоун има и кариера на модел. Кога има 17 години, ја освојува титулата „Мис на Пенсилвација“, а работела и како модел на Форд и живеела во Европа. Во 2001 година доживува силен мозочен удар, а и покрај лошите прогнози на докторите за минимални шанси за преживување, таа сепак успева да се врати. Но, процесот не бил ни малку едноставен до тој степен што одново морала да учи да зборува, чекори, пишува и чита.
Текстот (Фото) Шерон Стоун ја повтори секси позата од „Основен инстинкт“ за насловната на „Вог“ е превземен од Reporter.mk.