Српските медиуми објавија фотографии од Дара Бубамара која се опила од виски. Таа штом пристигнала на снимање на новогодишна програма, веднаш отишла во студио и го снимила својот дел, а потоа се сместила на маса со колегите. Нарачала виски кое веднаш го испила на екс, нарачала и втора чаша, доволно да се вцрви во лицето и да почне да зборува се и сешто. Дала две-три изјави за телевизија
„ Мора да одам до тоалет. Неможам да издржам. Пиев, а јас инаку не пијам“, се пожалила фолк пејачката на новинарите.
По половина час претерла со одговорите , како и она за синот и неговото шолување.
„ Мојот син никогаш немал непријатности, не оди во овие сељачки училишта, туку во приватно школо, каде што децата се поуспешни од родителите, политичарите и спортистите. Не се глупаво завидливи селски деца, туку се памени и знаат која е Бубамара. Тоа се деца кој велат: “Твојата мајка е врв“, изјавила Бубамара , а подоцна пак го дематирала ова, правдајќи се дека била пијана.
„ За сељачка школа – бев испровоцирана од страна на новинар на снимање на новогодишна програма, бев уморна и малку пијана. Прославував и за ново втомобил, при што испив неколку чаши виски“, рекла подоцна.
Текстот (Фото) „Син ми не оди во сељачко школо“, пијана Дара Бубамара им се чаламела на новинарите е превземен од Reporter.mk.