Популарните српски фолк-пејачи Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ, кои се скоро 30 години во брак, имаат едно дете, 20-годишниот син Иван. Иако не сака да се појавува во јавноста, Аца повремено објавува негови слики, а од пријателите добива комплименти дека синот е негова копија. Популарниот пејач, иако горд на синот, открива дека Иван се срами да пее и дека никогаш не се опушта, дури ни пред родителите.
„Тој никогаш не запеал убаво пред мене. Има трема и никако да пупти глас како што треба. Му велам: ‘Ајде бар еднаш запеј убаво, да видиме на што сме’. Можеби треба да поднаучи нешто, да земе некој час по пеење, ама тој одбива и вели дека не го интересира музиката. За сега зборува така, ама што знам што ќе биде понатаму, младите често го менуваат мислењето. Што и да прави, јас сум горд на него“, рекол Аца за „Блиц плус“.
Иван не сака да се експонира во јавноста, па Билјана за српските медиуми раскажала дека ни тие не го тераат да прави работи што не сака.
„Срамежлив е, мирен, повлечен. Тоа што ние имаме јавна професија не значи дека и тој треба да тргне по нашите стапки“, рекла пејачката.
Текстот (Фото) Синот на Аца Илиќ ист како татко му е превземен од Reporter.mk.