Синот на пејачката Дани Димитровска стана матурант. Лазар има 18 години и завршува во гимназијата „Орце Николов“. Во интервју за „Реопретр’, Дани неодамна ни раскажа дека таа и Лазар се смногу блиски. Дека тој ја подржува секогаш во кариерата, а таа нему му е најдобрата другарка. Особено што секогаш е тука да го сослуша за девојките и да го посоветува.
“Кога ја пеам ‘Свети’ на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето…во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта… Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив“, напиша Дани на Инстаграм под фотографијата на која е нејзиниот матурант Лазе.
.
Текстот (Фото) Синот на Дани стана матурант, таа вели знае се за девојките е превземен од Reporter.mk.