Најстариот син на славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, си ги лакира ноктите. Иако Дејвид се надеваше дека барем еден од тројцата синови ќе продолжи по неговите стапки и ќе стане фудбалер, сепак, тие тргнаа по стапките на Викторија и својата кариера ја градот во светот на модата, пишуваат британските медиуми.
Најстариот син на Бекам, Бруклин, одлучи да стане моден фотограф и сите негови мисли се насочени кон тоа. Светските модни магазини веќе го прогласија за модна икона од помладата генерација, а самиот Бруклин се обидува на сите начини да ги помести границите.
Тој од неодамна почна да ги лакира ноктите. И додека мажите ширум светот, кога е маникирот во прашање, главно бираат лакови со безбојна нијанса, Бруклин отиде чекор понапред и ги лакира со црвена, срна, сина и зелена боја.
Текстот (Фото) Синот на Дејвид Бекам си ги лакира ноктите е превземен од Reporter.mk.