Стефан, синот на фолк-пејачката Татјана Лазаревска, стана полуматурант. Таа објави неколку фотографии од семејната радост во Мелбурн, каде живее веќе неколку години со семејството.
За полуматурата на Стефан дојде и нејзината мајка, Снеже, за која фолк-пејачката напиша дека дошла специјално за овој посебен ден.
Татјана веќе пет години живее во Австралија, каде за 10 дена ќе почне летото. Таа во интервју за „Репортер“ неодамна откри дека во Мелбурн се навистина среќни и дека имаат убав живот. Татјана работи како негователка во градинка, а Новица, пак, вози школски автобус. Покрај синот Стефан, тие го имаат и помалиот Петар.
Текстот (Фото) Синот на Тања славеше полуматура во Австралија е превземен од Reporter.mk.