Пејачката Маја Гроздановска-Панчева е на летување во Грција со ќерките Надица и Марија. Таа откри дека трите се забавуваат одлично, па на „Фејсбук“ сподели заедничка слика.
„Летното сонце носи семејна забава“, напиша Маја под фотографијата.
Таа доби комплименти дека изгледа одлично, но и дека трите девојки личат како да се врснички, а не мајка со ќерките. Имаше и такви што ја прашаа дали со нив на летување е и Дарко, бидејќи го нема на сликата.
За потсетување, Маја и Дарко Панчеви се во брак речиси 21 година. Постарата ќерка Надица има 19 години и студира германски јазик на Филолошкиот факултет, а помалата Марија има 14 години. Инаку, Маја беше една од најпопуларните пејачки во Македонија на крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите години, а последниве години ретко се појавува на музичката сцена.
Текстот (Фото) Сите дами во семејството Панчеви, Маја како врсничка со ќерките е превземен од Reporter.mk.