Пејачот Саша Ковачевиќ деновиве прави одмор од големиот број обврски околу новоотворениот ресторан во Белград. Ковачевиќ моментално се наоѓа на турнеја низ Америка, а оттаму ги почести фановите со фотографија од топлите краишта на Феникс, на која позира покрај базен во црвени шорцеви.
Пејачот поради деловните кативности околу ресторанот се пожали дека во последните месеци бил пренатрупан со обврски поради што изгубил и голем број на килограми.
„Позира покрај базенот во црвен шорц, а мускулите се сите на број“, напишала една девојка која му порача дека недостигот на килограми и не изгледа така приметно на фотографијата.
Текстот (Фото) Сите мускули на Саша Ковачевиќ се на број е превземен од Reporter.mk.