Актерката Скарлет Јохансон го сврте вниманието на присутните кон себе на 76. филмски фестивал во Венеција. Таа се појави на промоцијата на својот нов филм Marriage Story, а на црвениот тепих прошета во црвен фустан.
Скарлет изгледот го комплетираше со чевли со високи потпетици во иста боја како и фустанот, а нејзината фризура и даде таканаречен „вет лук“. Сепак, најмногу до израз дојдоа нејзините тетоважи на грбот.
Скарлет има истетовирано приврзок на десната рака, изгрејсонце на левата надлактица, круг во кој е напишана буквата „А“ на зглобот на ногата и цвет на грбот, а под него лежи јагне.
Ружите на грбот актерката ги има посветено на нејзината ќерка Роуз.
Текстот (Фото) Скарлет Јохансон ги покажа тетоважите на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.