Кога ќе ги погледнеме фотографиите од младоста на некои светски познати ѕвезди, не можеме да се изначудиме колку се промениле низ времето. Од друга страна, постојат и такви чиј изглед речиси воопшто не се сменил.
Ова се некои фотографии од најголемите ѕвезди на денешницата, од времето во нивната младост.
Ким Кардашијан, девојката за која некогаш се зборуваше дека е старлета, денеска може да се каже дека е успешна деловна жена и ријалити ѕвезда. На фотографиите од денес и претходно, може да се забележи дека оваа ѕвезда од ерменско потекло, направила низа на естетски корекции. Освен промената на носот, Ким ставила импланти и на градите и задникот.
Водителката Кристи Тајген и сопруга на пејачот Џон Леџенд, доста се има променето од времето кога не била славна. Таа признала дека има направено неколку естетски операции. На 20 години, Кристи направила корекција на градите поради што сега жали и вели дека сака да ги извади имплантите.
Таа направила и липосукција на надлактите, а го има поправено и носот, челото и усните. Многумина сметаат дека ги има променето и образите, но Кристи во една прилика изјави дека тоа е единственото место на кое не ставила ботокс ниту направила некаква операција.
Пејачката Адел го освои светот со убавиот глас, а шокираше и кога наеднаш изгуби голем број килограми. Но, на фотографиите од детството може да се види дека таа нималку се нема променето. Денес изгледа одлично. Адел вели дека не е голем фан на пластичните операции и дека нема намера да промени ништо.
23 годишната Зендаја е талентирана пејачка и глумица која ја освои сцената во последните година дена. Освен што е успешна во полето во кое се занимава, поради својата убавина таа стана заштитно лице на бројни модни брендови. Кога ќе ја споредиме со фотографиите од детството, може да се каже дека е подеднакво убава.
Легендарната пејачка Шер, која на сцената е веќе 53 години, не крие дека направила низа на операции. Таа ги поправила носот и градите, на почетокот на кариерата. Подоцна ги подигнала и очните капаци и веѓите. Направила и липосукција, а во 80-те години во јавноста се ширеле гласини дека извадила и неколку ребра.
Овој потфат пејачката го негираше, а денес на 73 години може да се каже дека изгледа сјајно.
Раперката Кари Би има направено бројни корекции на своето тело и повеќе го нема природниот изглед. По раѓањето на ќерката, таа отворено зборувала и ги покажувала нејзините фотографии по направената липосукција и зголемувањето на градите. Таа вели дека повеќе не сака да прави било какви операции.
Пејачката се плаши од компликациите кои се појавиле по последната оепрација, а со самото тоа морала да ги откаже и некои од нејзините настапи.
Пејачката Бијонсе меѓу фановите позната и како „Кралицата Би“. од мали нозе се занимава со пеење. Таа низ годините успеа да го одржи природниот изглед. Иако во јавноста се шират гласини дека за нејзиниот изглед заслужен е пластичен хирург, пејачката и глумица за тоа никогаш не зборувала.
И самата таа знае често да објавува слики од детството на социјалните мрежи, а не може да не се забележи сличноста која ја има со нејзината ќерка Блу Ајви.
61 годишната пејачка Мадона кариерата ја започна во 1979 година и оттогаш руши бројни табуа. Кралицата на поп-музиката нема проблеми ниту со естетските операции и понатаму се обидува да го одржи својот младешки изглед.
Пластичните хирурзи исто така се сомневаат дека Мадона користи ботос и дека филерите во усните не можат, а да не се забележат. Исто така се шпекулира и дека таа направила липосукција на вратот и корекција на носот.
Некои од овие зафати Мадона ги негирала. Како и да е, фановите до ден денес признаваат дека уживаат во нејзината безвременска музика.
Текстот (Фото) Славните ѕвезди пред да станат познати е превземен од Reporter.mk.