(Фото) Софија Лорен елегантна во црна тоалета и дијамантски ѓердан на црвениот тепих

Светската актерка Софија Лорен заедно со светскиот дизајнер Валентино вчера го украдоа вниманието на Модната недела во Милано. Легендарната актерка на црвениот тепих се појави во црна тоалета, украсена со дијамантски ѓердан.

На својот пријател Валентино, таа му ја врачи наградата за животно дело за „револуционаризирање на модниот свет со неговите елеганција, страст и стил“.  И двајцата добија стоечки овации од публиката.

Зелените награди се доделуваат за напредокот на модната индустрија, еден од најголемите светски загадувачи, во насока на подигнување на еколошката свест.

Текстот (Фото) Софија Лорен елегантна во црна тоалета и дијамантски ѓердан на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.