Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на Кили, на „Фејсбук“ сподели слика со внукот Аниш Круз. Таа го држи бебето во раце, па се пофали и напиша „Прекрасен внук, прекрасен внук“. Аниш Круз е син на Јоана, ќерката на Кили и Гордана. Тој се роди на 12 јуни на Еквадор, каде што Јоана живее веќе неколку години.
За потсетување, Јоана во март се омажи за Хосе Луис Сориа Родригез на мала церемонија. Пред свадбата Кили откри дека ќерка му ќе се мажи и дека е пресреќен што таа нашла човек што ја сака неизмерно. Неговата сопруга, Гордана, пак, е сопственик на едно од најуспешните танц-студија кај нас, „Ребис“.
Текстот (Фото) Сопругата на Кили со внукот на Еквадор е превземен од Reporter.mk.