Со заедничка слика направена во познат ресторан на плажа, капитенот на македонската репрезентација и ракометар на „Нант“, Кире Лазаров, ѝ го честита роденден на сопругата Љубица. Таа доби честитки и од неговите пријатели и следбеници на „Инстаграм“, кои им порачаа дека изгледаат преубаво заедно.
Македонскиот ракометар со семејството веќе две години живее во Франција, откако потпиша договор за „Нант“. Претходно Лазарови живееја во Барселона, Шанија. Кире и Љубица, пак, се познаваат од средношколските денови, а се венчаа во 2006 година. Двојката има две деца, синот Благојче и ќерката Лана.
Текстот (Фото) Сопругата на Кире Лазаров слави роденден на плажа е превземен од Reporter.mk.